Две одделни пријави поврзани со малолетнички биле евидентирани во ОВР Прилеп во текот на вчерашниот ден, а полицијата презема мерки за целосно расчистување на двата случаи.
Во првиот случај, 32-годишна жена од Прилеп пријавила дека нејзината малолетна ќерка ѝ кажала дека во нивниот семеен дом била недолично допирана по телото од 39-годишен прилепчанец.
Според пријавеното, станува збор за лице кое било пријател на очувот на малолетничката. Полицијата работи на утврдување на сите околности поврзани со пријавата.
Вториот случај бил пријавен од маж од село во Општина Долнени. Тој во полиција пријавил дека неговата малолетна ќерка била полово вознемирувана преку социјалните мрежи од жител на истото село.
Од СВР Битола информираат дека надлежните служби постапуваат по двете пријави и преземаат мерки за нивно целосно расчистување.
Засега не се соопштени дополнителни детали, а пријавените наводи се предмет на полициска постапка.







