ПРВ.мк
Магазин

Ѝ донирал бубрег за да ѝ го спаси животот, а по разводот побарал да му го врати - она што се случило ќе ве изненади

Ѝ донирал бубрег за да ѝ го спаси животот, а по разводот побарал да му го врати - она што се случило ќе ве изненади

Бракоразводните постапки често носат спорови околу имотот или старателството над децата, но еден случај од САД привлече огромно внимание поради необичното барање на сопругот.

Хирургот Ричард Батиста од Њујорк побарал од својата поранешна сопруга да му го врати бубрегот што ѝ го донирал за да ѝ го спаси животот. Доколку тоа не е можно, тој побарал финансиска компензација во износ од 1,5 милиони долари.

Двојката се венчала во 1990 година и има три деца. Откако сопругата имала сериозни здравствени проблеми и две неуспешни трансплантации, Батиста во 2001 година решил да ѝ донира еден од своите бубрези. Подоцна изјавил дека сакал не само да ѝ го спаси животот, туку и да го спаси нивниот брак.

Иако операцијата била успешна, бракот не опстанал. Неколку години подоцна сопругата поднела барање за развод, по што Батиста покренал необично барање пред судот.

Сепак, правните и медицинските експерти веднаш укажале дека такво барање нема правна основа. Според американските закони, донираниот орган се смета за подарок, а човечките органи не можат да бидат предмет на продажба или финансиска надомест.

Судот на крајот го одбил неговото барање, оценувајќи дека донираниот бубрег не претставува брачен имот што може да се врати или да биде предмет на обештетување. Со пресудата било потврдено дека еднаш донираниот орган законски му припаѓа на примателот и не може повторно да стане сопственост на донорот.