Милеџвил, поранешниот главен град на американската сојузна држава Џорџија, е познат по својот идиличен амбиент – зелени паркови, реки и езера. Меѓутоа, ова место крие една мрачна тајна – некогаш најголемата психијатриска болница во светот, која денес изгледа како град на духови.
Овој напуштен санаториум, основан во 1837 година, претставуваше комплекс со капацитет да прими дури 17.000 пациенти. Денес, на неговите ходници владее тишина, а ‘рѓосаните медицински апарати и напуштените простории ја создаваат морничавата атмосфера која привлекува љубители на мрачен туризам.
Туристите што го посетуваат болничкиот комплекс може да слушнат и за трагичните приказни, како онаа за Тилман Барнет, првиот пациент кој починал кратко по пристигнувањето. Поради сериозна психичка болест, тој бил врзан со синџири за да не избега, и принуден да пешачи километри до болницата, исцрпен од патот, што му ставило крај на животот.
Во текот на долгите децении, болницата била сведок на илјадници пациенти, често примени против своја волја. Тие биле изложени на методи што денес звучи страшно – од лоботомии и електрошокови, до принудно затворање во метални кафези и принудни тушеви со ладна или топла вода.
До 1950 година, бројот на пациенти го надминал капацитетот, со по двајца-тројца пациенти по еден лекар, што правело квалитетната грижа речиси невозможна. Санаториумот почнал да се затвора во 60-тите и 70-тите години од минатиот век, а по краток период функционирал и како затвор. Сепак, неговите врати засекогаш биле затворени во 2010 година.