ПРВ.мк
Магазин

МИСЛЕЛА ДЕКА НИКОЈ НЕ ЈА СНИМА? Пријовиќ со една реакција предизвика лавина коментари

МИСЛЕЛА ДЕКА НИКОЈ НЕ ЈА СНИМА? Пријовиќ со една реакција предизвика лавина коментари

Српската пејачка Александра Пријовиќ се најде во центарот на вниманието на социјалните мрежи откако беше објавена снимка од нејзина средба со млада обожавателка.

На видеото, снимено пред или по еден од нејзините настапи, Пријовиќ седи додека обожавателите еден по еден ѝ приоѓаат за заедничка фотографија.

Кога дошол редот на малолетното девојче, кое било видно возбудено поради средбата со пејачката и носело подарок за неа, дел од корисниците на социјалните мрежи оцениле дека реакцијата на Пријовиќ била прилично воздржана.

Снимката брзо почнала да се споделува, а поединци дури анализирале кадри од изразот на лицето на пејачката, тврдејќи дека видеото покажува како таа се однесува кога наводно не е свесна дека ја снимаат.

Сепак, од самата снимка се гледа и дека Пријовиќ го прифатила подарокот, му се заблагодарила на девојчето и потоа се фотографирала со него.