Минималните месечни трошоци за едно четиричлено семејство во ноември изнесувале 65.173 денари, покажува синдикалната минимална кошница на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ). Ова е намалување од 371 денар во споредба со октомври.
Најголем дел од сумата оди за основни потреби: за храна и пијалоци се одвојуваат 23.534 денари, а за режиски трошоци 6.130 денари. Доколку семејството живее под кирија, минималните трошоци се искачуваат на 80.548 денари.
Останатиот дел од буџетот ги покрива трошоците за превоз, облека, здравје, хигиена, култура и образование.
















