ПРВ.мк
Македонија

(ФОТО) ОТКРИЕН ГОЛЕМ ШВЕРЦ: Пазарниот инспекторат упадна кај десетици трговци!

(ФОТО) ОТКРИЕН ГОЛЕМ ШВЕРЦ: Пазарниот инспекторат упадна кај десетици трговци!
Kristal

Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) спроведе засилени контроли кај 23 правни субјекти што продаваат тутун и тутунски производи. При надзорите, извршени на 17 и 18 ноември во Скопје, Тетово, Гостивар, Кичево и Струга, кај дури 16 трговци била откриена поголема количина шверцувани производи.

Според ДПИ, затекнат е тутун и тутунски производи без никаква документација за потекло и без задолжителните акцизни марки, што укажува на нелегална трговија.

Инспекторите презеле мерки согласно законските процедури, а контролите ќе продолжат и во наредните денови.

Escape