Германскиот гигант Ауди ја донесе конечната и сурова одлука: малите градски миленици кои беа влезница во светот на луксузот за многумина, заминуваат во историјата. Од овој април, производната лента за А1 и Кју2 запира засекогаш, оставајќи ги фановите во шок.
По десет години и речиси 900.000 продадени примероци, моделот Кју2 официјално се пензионира. Со почетна цена од околу 29.000 евра, тој беше омилен кај оние кои сакаа германски квалитет во компактно пакување. Последните примероци со 116 коњски сили се веќе на лагер – кој купил, купил!
Ниту популарниот А1 не беше поштеден. Градскиот автомобил кој низ две генерации беше продаден во неверојатни 1,4 милиони примероци, полека се повлекува од фабриката во Шпанија. Ауди смета дека времето на малите бензинци со цена од 23.000 евра е завршено.
Празнината што ја оставаат овие два модели ќе ја пополни новиот А2 е-трон. Овој компактен електричен автомобил доаѓа веќе оваа есен и ветува:
- Неверојатен досег: До 630 километри со едно полнење;
- Моќни батерии: Избор меѓу 58 и 79 kWh;
- Модерна платформа: Истата технологија што ја користи и Фолксваген.
За оние на кои не им е до штедење, Ауди подготвува нов електричен спортски двосед за 2027 година. Инспириран од концептот „Ц“, овој ѕвер ќе му биде директен ривал на Порше, со минималистички дизајн и брутални перформанси.









