ПРВ.мк
Магазин

КОЈА Е ЖЕНАТА ШТО ГО ОСВОИ СРЦЕТО НА НОВИОТ ЏЕЈМС БОНД?

КОЈА Е ЖЕНАТА ШТО ГО ОСВОИ СРЦЕТО НА НОВИОТ ЏЕЈМС БОНД?

Откако беше официјално потврдено дека британскиот актер Роберт Патинсон ќе биде новиот Џејмс Бонд, вниманието на јавноста се насочи и кон неговата долгогодишна партнерка, актерката, пејачка и модел Суки Вотерхаус.

Роберт Патинсон и 34-годишната Суки Вотерхаус се во врска од 2018 година, свршени се и имаат ќерка родена во март 2024 година.

Вотерхаус е родена на 5 јануари 1992 година во Лондон. Кариерата ја започнала како модел, а подоцна се посветила на актерството и музиката.

Пошироката публика ја препознава по улогата на Карен Сирко во популарната серија „Daisy Jones & the Six“ од 2023 година.

Покрај актерската кариера, таа гради и успешна музичка кариера, со неколку студиски албуми и концертни турнеи.

Љубовната приказна на Патинсон и Вотерхаус започнала во 2018 година, кога се запознале во Лос Анџелес на дружење со друштвени игри.

Иако двајцата се светски познати, приватниот живот претежно го држат подалеку од јавноста.

Во ноември 2023 година, Суки јавно ја открила бременоста, а во март следната година двојката го добила своето прво дете.

Последните години често се шпекулираше дека тајно се венчале, но Вотерхаус неодамна потврди дека свадба сè уште немало.

Таа откри дека доколку решат да се венчаат, сакаат тоа да биде голема прослава, но плановите засега се одложени поради професионалните обврски.

Во меѓувреме, Amazon MGM Studios официјално објави дека 40-годишниот Патинсон ќе го наследи Даниел Крег во улогата на славниот агент 007.

Новиот филм за Џејмс Бонд ќе го режира Дени Вилнев, додека сценариото го подготвува Стивен Најт. Датумот на премиерата сè уште не е официјално соопштен.