ПРВ.мк
Магазин

РОБЕРТ ПАТИНСОН Е НОВИОТ ЏЕЈМС БОНД! Погледнете ја неговата прва фотографија во улогата на агентот 007

РОБЕРТ ПАТИНСОН Е НОВИОТ ЏЕЈМС БОНД! Погледнете ја неговата прва фотографија во улогата на агентот 007

По години шпекулации и бројни гласини, конечно е познато кој ќе биде новиот Џејмс Бонд. Британскиот актер Роберт Патинсон официјално ја доби улогата на легендарниот агент 007, потврди филмското студио „Amazon MGM Studios“.

Веста беше објавена денеска, 16 ноември, преку официјалните профили на франшизата „Џејмс Бонд“ на социјалните мрежи, каде што беше претставена и првата фотографија од Патинсон во препознатливиот смокинг.

Со ова, 40-годишниот актер го наследува Даниел Крег, кој последен пат го играше Бонд во филмот „No Time to Die“ од 2021 година.

Пред официјалното соопштение, од профилите на агентот 007 биле отстранети претходните објави, по што се појавила кратката порака „Identity Confirmed“ („Идентитетот е потврден“).

Патинсон не го криел задоволството од новиот професионален предизвик, опишувајќи ја улогата како огромна чест и остварување на долгогодишен сон.

Новиот филм за Џејмс Бонд ќе го режира Денис Вилнев, познат по филмовите „Dune“, „Arrival“ и „Blade Runner 2049“.

Сценариото ќе го напише Стивен Најт, додека продуценти ќе бидат Ејми Паскал и Дејвид Хејман.

Според информациите од странските медиуми, во потесниот избор за улогата биле и британските актери Калум Тарнер, Џек Лоуден и Џош О'Конор.

Патинсон, кој светската популарност ја стекна со филмскиот серијал „Twilight“, а подоцна го играше и Бетмен, сега ќе се соочи со еден од најголемите предизвици во својата кариера.

Новиот филм ќе биде 26. остварување од официјалната франшиза за Џејмс Бонд и прво под новото креативно раководство на „Amazon MGM Studios“.

Датумот на премиерата засега не е официјално објавен.