ПРВ.мк
Свет

Полицаец усмрти 18-годишна девојка, на местото повторувал само три збора

Полицаец усмрти 18-годишна девојка, на местото повторувал само три збора

Нови потресни детали излегуваат во јавноста за трагичната сообраќајна несреќа во бугарскиот град Драгоман, во која животот го загуби 18-годишната Милена, откако во неа удрил автомобил управуван од 26-годишен граничен полицаец.

Според сведоштвата на пријателите на загинатата девојка, возачот по несреќата постојано повторувал: „Ништо не сум направил!“

Една од другарките на Милена, која била непосреден сведок на трагедијата, за бугарската Нова телевизија раскажала дека сè се случило за неколку секунди.

„Немав време дури ни да ја испружам раката кон неа. Немаше можност да направиш ниту еден чекор. Автомобилот помина токму таму каде што стоевме“, изјавила потресената девојка.

Според сведоците, автомобилот се движел со голема брзина, наводно поголема од 80 километри на час, на делница каде што ограничувањето било 50 километри на час.

Милена и нејзините пријатели се враќале од локален угостителски објект кога слушнале возило што брзо им се приближувало одзади.

Неколку секунди подоцна автомобилот удрил во 18-годишната девојка, која ги загубила животот.

По несреќата било утврдено дека 26-годишниот возач имал 1,63 промили алкохол во крвта.

Против него е поведена постапка, дисциплински е отстранет од работа и му било одредено задржување до 72 часа.

Семејството и пријателите на Милена бараат целосна одговорност за трагедијата, изразувајќи загриженост дека случајот би можел да биде заташкан.

Во Драгоман било организирано и бдение во спомен на младата девојка.

Особено потресни биле зборовите на една од присутните жени, која потсетила дека Милена требало да се подготвува за матурската прослава.

„Наместо да има матура, сега ја нема“, изјавила таа.

Истрагата продолжува, а надлежните органи треба да ги утврдат сите околности на трагичната несреќа.