Двејн Џонсон, светски познат како „Карпата“, неодамна ги изненади своите обожаватели со видливо послаб изглед. Фотографиите од неговите појавувања на Филмскиот фестивал во Венеција и на настанот „Миу Миу“ со актерката Емили Блант предизвикаа лавина реакции на социјалните мрежи. Дел од фановите дури саркастично го прекрстија во „Каменчето“, загрижени за неговото здравје.
Гласините и шпекулациите стигнаа и до самиот Џонсон, кој реши отворено да ја објасни ситуацијата и да ја смири јавноста. На Филмскиот фестивал во Торонто, тој потврди дека нема простор за паника и дека неговата трансформација е дел од професионална подготовка.
„Сè уште имам долг пат пред мене,“ изјави 53-годишниот актер, појаснувајќи дека губењето на тежината е директно поврзано со неговата нова улога во филмот Chicken Man.
Ова не е првпат актер да минува низ екстремна физичка промена за улога – пример за тоа е Кристијан Бејл, кој за „The Machinist“ изгуби речиси 30 килограми. Сепак, за Џонсон, кој досега важеше за симбол на физичка моќ и мускулатура, оваа трансформација претставува и нова насока во кариерата.
Со овој потег, „Карпата“ испраќа јасен сигнал дека е подготвен да се оддалечи од класичните акциони блокбастери и да се посвети на поразлични улоги кои бараат жртва, но и откриваат ново лице на актерот што публиката досега не го видела.
Видео: