ПРВ.мк
Магазин

Оваа ноќ Архангел Михаил ги слуша твоите молитви – еве што треба да направиш за да се исполнат

Оваа ноќ Архангел Михаил ги слуша твоите молитви – еве што треба да направиш за да се исполнат
Kristal

На 21 ноември православните христијани го одбележуваат празникот посветен на Свети Архангел Михаил, кој се смета за заштитник, чувар и водич на душите. Според традицијата, тој се појавува како небесен бранител со меч или сфера – симбол на сила, ред и духовна власт.

Во народното верување, Архангел Михаил им помага на луѓето не само во заштита од надворешни опасности, туку и кога се соочуваат со страв, внатрешен немир или духовни искушенија. Молитвата упатена до него токму на овој ден се смета за особено силна, носи мир, охрабрување и духовна утеха.

Една од познатите молитви гласи:

„Господи, испрати го Твојот архангел Михаил да ме чува од секое зло, од видливи и невидливи непријатели. Дај ми мир, сила и вера.“

Во православната духовност, соништата што се јавуваат во ноќта пред празникот често се толкуваат како пораки. Ако после сон човек почувствува спокој, надеж или желба за молитва, тоа се смета за знак на благодат. Мрачни или немирни соништа пак можат да укажуваат на потреба да се обрне внимание на сопствената духовна состојба.

Симболите во сонот исто така носат посебно значење: – Бистра и тивка вода претставува духовно прочистување. – Мрачна или бујна вода укажува на внатрешен немир или потреба за промена. – Сонови со љубов и топлина се знак на Божја милост и поттик за добрина, додека болни или тешки љубовни слики откриваат внатрешни грижи и потреба за духовно средување.

Овој празник не е само традиција, туку можност човек да се насочи кон светлина, да побара заштита и да го зацврсти својот духовен пат. Искрената молитва и чистата мисла го отвораат патот кон духовна сила и мир под покровителство на Архангел Михаил.

Escape