И повеќе од еден век по своето прво и единствено патување, „Титаник“ останува симбол на луксузот и една од најпознатите приказни во светската историја. Но, колку би чинело патување со легендарниот брод доколку денес повторно исплови?
Според пресметките на германските медиуми, најлуксузните апартмани на „Титаник“, кои во 1912 година чинеле 870 британски фунти или 4.350 долари, денес би вределе повеќе од 125.000 американски долари, односно околу 117.000 евра. Во нив патувале само најбогатите патници, меѓу кои и американската милионерка Шарлот Кардеца и директорот на компанијата „White Star Line“, Брус Исмеј.
И стандардните кабини од прва класа биле резервирани за побогатите патници. Билетот чинел 150 долари, што според денешната вредност изнесува околу 4.050 евра.
Патниците од втора класа плаќале 60 долари за патување преку Атлантикот, што денес би било приближно 1.620 евра.
Интересно е што и третата класа на „Титаник“ нудела значително подобри услови од повеќето бродови од тоа време. Наместо големи заеднички спални, патниците биле сместени во кабини за две, четири или шест лица. Цената на билетот тогаш изнесувала околу 36 долари, што денес би одговарало на околу 970 евра.
Покрај луксузното сместување, патниците имале на располагање ресторани, салони за дружење и сала за вежбање, што дополнително го издвојувало „Титаник“ како најпрестижен прекуокеански брод на своето време.
Иако трагичното потонување го претвори во легенда, цените покажуваат дека патувањето со „Титаник“ уште тогаш било привилегија што можеле да си ја дозволат само најбогатите, додека за многумина од третата класа тоа било единствена надеж за подобар живот во Америка.






