Децата не треба да добијат паметен телефон пред да наполнат 13 години, покажува ново истражување на Детската болница во Филаделфија.
Според научниците, користењето смартфон на 13-годишна возраст се смета за побезбедно во споредба со 12 години или помалку, кога ризикот од нарушен сон, депресија и дебелина е значително поголем.
Истражувањето опфатило речиси 2.000 тинејџери и покажало дека проблемите се особено изразени кај децата кои поминуваат повеќе од пет часа дневно пред екранот.
Експертите предупредуваат дека и по 13-тата година потребно е родителите да постават јасни правила за користење на телефонот, да го ограничат времето пред екран и да не дозволуваат уредот да се користи во текот на ноќта.
Научниците советуваат паметните телефони да остануваат надвор од детската спална соба за време на спиењето, бидејќи тоа може значително да го подобри квалитетот на сонот и целокупното здравје на детето.








