ОВЕН
Не се чувствувате осамено, имате поддршка од луѓето околу вас и се обидувате да најдете најдобар начин за вклучување во работата која може да биде многу профитабилна. Имате проблеми со некои Близнаци и не можете да се согласите со некоја Водолија. Ќе ви биде потребно трпение.
БИК
Нема причина за паника, ќе успеете да ги решите сите проблеми. Добрата соработка со колегите е клучна за успешен напредок на проектите, бидејќи сами нема да постигнете многу. Во друштво на некоја Риба се чувствувате одлично, па поминете повеќе време заедно.
БЛИЗНАЦИ
Некои пријатели ќе ви понудат да патувате заедно, но вие ќе се двоумите. Не се откажувајте од можностите кои ви се нудат, можеби ќе се отворат нови шанси за започнување на сопствен бизнис. Лекувајте ја досадата во друштво на вашите најблиски. Постапките од минатото ќе ви го сменат размислувањето за вашите сегашни одлуки.
РАК
Проблем од минатото ќе започне да влијае на сегашната ситуација која едвај ја одржувате. Вашиот партнер може да ве напушти поради неисполнети ветувања. Имате проблеми и со пријателите кои ве сметаат за несериозни. Некоја Девица може да ви понуди помош, прифатете ја.
ЛАВ
Ќе се обидете да воспоставите контакт со некои лица кои ви биле многу драги. Соработката со Стрелец или Близнаци е во најдобар ред. Иако ќе се залагате за важни цели, можеби нема да успеете, но не се разочарувајте – во иднина ќе има уште шанси.
ДЕВИЦА
Не се загрижувајте за финансиските проблеми од минатото, тие започнуваат да се подобруваат. Вашето здравје е во одлична форма. Проблемите во љубовта може да ви го одвлекуваат вниманието и да ви го одземат времето потребно за деловните обврски.
ВАГА
Се чувствувате добро во друштво на некој кој ги поттикнува вашите амбиции, но премногу залагање може да ви пречи. Можно е да добиете поволни вести од некој кој живее во странство. Ќе ви биде потребен совет од Лав.
ШКОРПИЈА
Оптеретени сте со незавршени обврски и ситуација која не знаете како да ја решите. Стравувате од загуба на контрола и можноста да изгубите некој поради вашето однесување. Можен е договор со Стрелец или Риби.
СТРЕЛЕЦ
За да го поминете денот како што сакате, потребно е да се вклучите во интересни проекти кои бараат познавање на странски јазик. Без разлика дали проектот е краток или долг, работете напорно на него, бидејќи постои можност за голем профит.
ЈАРЕЦ
Претерано сте упорни и додека се чувствувате несигурни, се обидувате на сите начини да му ги наметнете на Бикот вашите идеи за заеднички проект. Бидете трпеливи, особено во контактите со борбени знаци. Добро се чувствувате во друштво на амбициозно лице.
ВОДОЛИЈА
Овој ден е еден од подобрите, особено за оние кои се подготвени да се договорат со соработниците и се отворени за нови деловни можности, вклучувајќи ново работно место или нови обврски. Добро се сложувате со Стрелец и Рак кои ве поддржуваат.
РИБИ
Мечтаете за голем успех и работа која ќе биде различна од онаа што ја имате. Овој ден може да биде поволен за вас. Енергијата на Марс и Меркур ве прави нервозни и нетрпеливи, а вашата амбиција е во прв план. Не се согласувате со лица кои сакаат да доминираат во друштвото.