ПРВ.мк
Магазин

Џоли конечно проговори за љубовниот живот по Бред Пит

Џоли конечно проговори за љубовниот живот по Бред Пит

Холивудската актерка Анџелина Џоли првпат отворено проговори за својот љубовен живот по разводот од Бред Пит, откривајќи дека во изминатата деценија не била во ниту една романтична врска.

Во интервју за „Yahoo Entertainment“, Џоли изјави дека по разводот целосно се фокусирала на своите шест деца, семејството и професионалните обврски, оставајќи го приватниот живот во втор план.

„Искрено, не сум била во врска ниту сум излегувала со некого откако се разведов пред десет години. Тој дел од мојот живот не беше приоритет додека моето внимание беше насочено кон децата и нивното растење“, изјавила актерката.

Џоли поднесе барање за развод од Бред Пит во 2016 година, а нивната долга и сложена правна битка заврши дури кон крајот на 2024 година. Поранешната двојка има шест деца, а нивниот развод беше еден од најследените случаи во Холивуд.

Во разговорот, актерката се осврна и на својата кариера, откривајќи дека по разводот повторно се вратила на актерството, иако претходно повеќе сакала да се посвети на режијата и хуманитарната работа.

„Повторно почнав да глумам бидејќи тоа ми овозможи да бидам поблиску до моите деца и истовремено да заработувам. Денес чувствувам дека мојот борбен дух повторно се враќа. Голема заслуга за тоа имаат моите деца, кои ме охрабруваат секој ден“, изјави Џоли.

Пред бракот со Бред Пит, Анџелина Џоли беше во брак и со актерите Џони Ли Милер и Били Боб Торнтон.