ПРВ.мк
Магазин

Lord of the Flies оживеа на Нетфликс – мини-серија со 94% позитивни критики!

Lord of the Flies оживеа на Нетфликс – мини-серија со 94% позитивни критики!

„Господарот на мувите“ – класикот на Вилијам Голдинг – доби нова адаптација во форма на мини-серија на Netflix, која веќе освои 94% позитивни критики на „Rotten Tomatoes“.

Серијата ја адаптира Џек Торн, авторот на театарското дело „Хари Потер и проколнатото дете“ и наградуваната ТВ-серија „Адолесценција“. Режијата ја потпишува Марк Манден, кој ја пренесува хаотичната енергија на снимањето со повеќе од дваесет момчиња на екранот.

Приказната е поставена во 50-тите години и следи група момчиња кои по авионска несреќа се наоѓаат на ненаселен остров. Без надзор од возрасни, тие постепено тонат во тиранија и насилство – со јасна порака за кревкоста на демократијата и тенката линија на цивилизациските правила.

Секоја од четирите епизоди се фокусира на различен лик. Првата започнува од перспективата на Пиги – разумното момче кое се обидува да воспостави систем на гласање. „Ако денес ставите 40 момчиња на тропски остров, веројатно би се случило истото, за жал,“ вели актерот Дејвид Мекена, кој го глуми Пиги.

Актерот Ајк Талбут, во улогата на Сајмон, додава: „Сите момчиња претставуваат некој аспект од човечката природа. Џек очигледно ги носи помрачните аспекти.“

Снимањето траело пет месеци – од јули до декември 2024 година – на ненаселени острови во Малајскиот Архипелаг, што ја засили автентичноста на приказната.