ПРВ.мк
Магазин

Како Јапонците успеваат да имаат автомобили без улиците да се преполнат?

Како Јапонците успеваат да имаат автомобили без улиците да се преполнат?
Kristal

Во Јапонија постои едно од најстрогите, но и најлогичните правила за автомобили – ако сакате автомобил, прво мора да обезбедите каде да го паркирате. Уште од 1962 година, законот за гаражи налага секој сопственик на возило да добие потврда од локалната полиција дека има легално паркинг-место. Овој документ, познат како „шако шомеишо“, е неопходен за регистрација на автомобилот.

Не е важно дали поседувате или изнајмувате место, но улицата никогаш не е опција. Забрането е ноќно паркирање на јавни улици, што практично го елиминира хаосот – автомобили не блокираат тротоари, не создаваат сообраќаен метеж и не ја претвораат населбата во импровизиран паркинг.

Сè започнало кога поради брзиот пораст на бројот на автомобили во 50-тите и 60-тите години, тесните улици во Токио станале преполни. Наместо да ги прошируваат патиштата, властите ја префрлиле одговорноста на сопствениците. Високите цени на паркинг-местата, особено во големите градови, дополнително ја ограничиле побарувачката за автомобили, поттикнувајќи ги граѓаните да користат јавен превоз.

Резултатот е импресивен – улиците се проодни, урбаниот простор е поуреден, а бројот на возила во градовите е контролиран.

За разлика од Јапонија, кај нас автомобил може да се купи без прво да се размислува за паркинг. Тротоарите и зелените површини се претвораат во импровизирани места за паркирање, а секојдневно се создава метеж и конфликти меѓу станарите.

Можеби токму токму оваа јапонска „логика прво паркинг, па потоа автомобил“ е клучот за урбаните улици да останат проодни.

SWM
Mozzart
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo