ПРВ.мк
Магазин

АЛАРМ ОД ЕКСПЕРТИТЕ: AI чет-ботовите создаваат нов вид зависност кај младите - Ова се деталите

АЛАРМ ОД ЕКСПЕРТИТЕ: AI чет-ботовите создаваат нов вид зависност кај младите - Ова се деталите

Италија го регистрираше првиот официјален случај на зависност од вештачка интелигенција, а станува збор за 20-годишна девојка која целосно се повлекла од реалниот живот поради постојана комуникација со AI чет-ботови.

Според италијанските медиуми, случајот го следела државната служба SERD во Венеција, која вообичаено третира различни видови зависности. Овојпат, експертите се соочиле со нешто сосема ново — психолошка зависност без употреба на дрога или алкохол.

Девојката со часови разговарала со вештачка интелигенција, која со текот на времето научила како да ѝ одговара на начин што ѝ одговара емотивно. Поради тоа, таа почнала да ги избегнува пријателите, семејството и секојдневните социјални контакти.

Научниците предупредуваат дека AI системите можат брзо да создадат чувство на удобност бидејќи секогаш се достапни, не осудуваат и нудат инстант одговори. Токму тоа, според експертите, може постепено да доведе до опасна зависност.

Истражувачите издвојуваат неколку главни симптоми: постојана потреба за разговор со чет-ботови, занемарување на обврските, чувство на нервоза кога не се користи AI и замена на вистинските односи со виртуелна комуникација.

Експертите велат дека многу луѓе веќе несвесно развиваат вакво однесување, а бројот на случаи би можел брзо да расте во иднина.

Најнови вести