ПРВ.мк
Магазин

Ана де Армас со „лајк“ што го разбранува Холивуд – Девојката на Том Круз ја понижи Никол Кидман (ФОТО)

Ана де Армас со „лајк“ што го разбранува Холивуд – Девојката на Том Круз ја понижи Никол Кидман (ФОТО)

Интернетот не заборава – особено кога станува збор за познати личности. Актерката Ана де Армас, сегашната партнерка на Том Круз, предизвика бура откако „лајкна“ објава која ја исмева неговата поранешна сопруга, Никол Кидман.

Станува збор за фотографија на која Кидман изгледа напнато, придружена со ироничен текст и означена локација со бренд на дермални филери. Објавата предизвика бројни реакции, од осуда на потсмевот кон стареењето до шпекулации за пасивно-агресивна порака од Ана.

Иако Ана не коментираше и не го тргна „лајкот“, дел од обожавателите ја оправдуваат како „жртва на алгоритмот“, додека други ја гледаат како намерен потег. Темата се прошири од страницата Celeb Mess до Reddit, каде мислењата остануваат поделени.

Никол Кидман молчи, а во Холивуд дури и тишината станува вест.

Escape