ПРВ.мк
Магазин

Пред да тргнете на одмор, проверете ги овие работи на автомобилот

Пред да тргнете на одмор, проверете ги овие работи на автомобилот

Пред секое подолго патување, неколку минути посветени на проверка на автомобилот можат да спречат непријатни изненадувања и скапи дефекти. Иако современите возила располагаат со бројни системи што предупредуваат на можни проблеми, основната визуелна проверка и понатаму останува важен дел од безбедното патување.

Најпрво, проверете ги гумите. Обрнете внимание на нивниот притисок, како и на евентуални пукнатини, испакнатини или нерамномерно трошење. Исправните гуми се клучни за стабилноста и безбедноста на патот.

Потоа, подигнете ја хаубата и проверете го нивото на моторното масло и течноста за ладење. Доколку забележите дека маслото е премногу затемнето, има мирис на горење или нивото на течностите е под препорачаното, најдобро е проблемот да се реши пред тргнување.

Корисно е да проверите и дали има траги од истекување течности, корозија околу акумулаторот или оштетени кабли, бидејќи ваквите проблеми можат навреме да се откријат и да се избегнат поголеми дефекти.

Не заборавајте да ја проверите и целата задолжителна опрема во возилото, како и исправноста на светлата. Пред подолг пат се препорачува да понесете и доволно вода, наполнет мобилен телефон, основен сет алат и, доколку е потребно, резервни светилки.

Ако при проверката забележите било каков дефект што не можете сами да го отстраните, побарајте помош од сервис пред да тргнете. Неколку минути подготовка можат да значат побезбедно, помирно и многу поудобно патување.