ПРВ.мк
Магазин

СВЕТОТ ЗБОРУВА ЗА НЕА: Најмладата милијардерка конечно откриена - еве за која станува збор!

СВЕТОТ ЗБОРУВА ЗА НЕА: Најмладата милијардерка конечно откриена - еве за која станува збор!
Kristal

Луана Лопес Лара, 29-годишна поранешна балерина од Бразил, влезе во историјата како најмладата жена која самостојно заработила милијарда долари, според најновата листа на „Форбс“. Со ова таа ги надмина Кајли Џенер и Тејлор Свифт, преземајќи го врвното место меѓу младите женски милијардери.

Лара е коосновач на финтек платформата „Kalshi“, која се занимава со тргување и предвидување на реални настани – од избори и спортски натпревари, до економски индикатори и глобални случувања. Пазарната вредност на компанијата достигна огромни 11 милијарди долари, а нејзиниот личен удел од 12% се проценува на околу 1,3 милијарди долари, пренесува „Дејли мејл“.

Патот на Лара е подеднакво необичен и инспиративен. Таа се школувала во прочуеното балетско училиште на Болшој театар во Бразил, по што на 17 години се преселила во САД за студии. Подоцна, заедно со својот колега Тарек Мансур, ја основала „Kalshi“. Првите две години од стартот никогаш не лансирале производ – работеле тивко, градејќи технологија и модел кој ќе биде целосно усогласен со американските регулаторни барања.

Во 2020 година компанијата конечно добила федерално одобрување, што ја отвори вратата за легално функционирање на пазарите за предвидување. Одлучувачки момент пристигнал во 2024 година, кога судска одлука овозможила отворање и управување со изборни пазари – најатрактивниот сегмент за корисниците.

Од тој момент, „Kalshi“ доживува експлозивен раст. Обемот на тргување пораснал за 1.000%, надминувајќи милијарда долари неделно, што ја претвори платформата во еден од најдинамичните и најпрофитабилните играчи во финтек индустријата.

Успехот на Лара претставува редок преседан – премин од балетска сцена до светски врв во финансиите, при што нејзината визија и упорност ја позиционираа меѓу највлијателните млади иноватори денес.

FixCredit
Atensa 300
Escape