ПРВ.мк
Магазин

Научниците открија што се случува во женското телото пред циклусот – затоа желбата за чоколадо станува речиси неодолива

Научниците открија што се случува во женското телото пред циклусот – затоа желбата за чоколадо станува речиси неодолива
Kristal

Желбата за чоколадо и слатки пред менструација не е случајна ниту пак е знак на слаба самоконтрола. Ново истражување покажува дека зад ова стојат биолошки и психолошки процеси кои се активираат во одредена фаза од менструалниот циклус, особено кај жените што имаат ПМС.

Во деновите пред менструацијата, многу жени чувствуваат зголемен апетит, посилна потреба за јаглехидрати и честа желба да јадат дури и кога реално не се гладни. Научниците објаснуваат дека ова е поврзано со таканаречениот хедонистички глад – состојба во која храната се бара поради чувство на задоволство, а не поради вистинска физичка потреба.

Истражувањето било спроведено на 150 млади жени, кои биле следени во различни фази од циклусот. Резултатите покажале дека кај жените со ПМС желбата за храна е поизразена, а непосредно пред менструацијата тие внесувале и повеќе калории од вообичаено.

Научниците посочуваат дека хормоналните промени, особено колебањата на естрогенот и прогестеронот, влијаат врз расположението, емоциите и системот за награда во мозокот. Токму затоа, во овој период желбата за чоколадо и калорична храна станува многу посилна.

Стручњаците нагласуваат дека овој феномен не треба да се гледа како слабост, туку како природна реакција на телото. Подоброто разбирање на овие промени може да помогне во создавање попаметни и поприлагодени препораки за исхрана кај жените со ПМС.

🔽 ОД ДЕНЕС СЛУШАЈ ЈА ТВОЈАТА ОМИЛЕНА РАДИО СТАНИЦА НА ПРВ.МК 🔽

https://prv.mk/radio
https://prv.mk/radio
SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo