ПРВ.мк
Магазин

Не ја игнорирајте оваа работа на бензинска – може да предизвика проблеми

Не ја игнорирајте оваа работа на бензинска – може да предизвика проблеми

Со доаѓањето на високите летни температури повторно се појавува дилемата дали е безбедно резервоарот на автомобилот да се наполни до врв. Стручњаците велат дека најголемиот дел од возачите имаат погрешна претстава за ова.

Според нив, нема никаков проблем резервоарот да се наполни целосно, сè додека точењето ќе заврши во моментот кога пиштолот на бензинската пумпа автоматски ќе го прекине дотокот на гориво.

Вистинскиот проблем настанува кога возачите, по првиот автоматски „клик“, продолжуваат да додаваат гориво за да заокружат одредена сума или да собере уште некој литар пред патување.

Експертите објаснуваат дека во резервоарот е предвиден простор за воздух и испарувања. Доколку тој простор се исполни со дополнително гориво, може да се наруши работата на системот за вентилација на резервоарот и во одредени случаи да предизвика технички проблеми.

Кај поновите автомобили производителите оставиле дополнителна заштита, па ризикот од сериозни оштетувања е мал. Сепак, кај постарите возила преполнувањето може да влијае на работата на моторот и да предизвика нерамномерно работење.

Затоа, механичарите советуваат едноставно правило – кога пиштолот автоматски ќе „кликне“, престанете со точење. Така ќе го заштитите системот за гориво и ќе избегнете непотребни проблеми.