ПРВ.мк
Магазин

Закопано богатство старо две децении – пронајдено под француски двор!

Закопано богатство старо две децении – пронајдено под француски двор!
Kristal

Еден жител на Франција, додека изведувал градежни работи за поставување базен во својот двор, најдено нешто што му го промени животот – пет златни прачки и неколку златни монети, внимателно завиткани во пластични кеси и закопани во земјата, објавија локалните медиуми.

Откритието веднаш било пријавено во локалната полиција, а потоа во случајот се вклучила Регионалната дирекција за културни работи (DRAC). По детална проверка, експертите исклучиле можност дека станува збор за археолошко богатство, што значи дека среќниот пронаоѓач е легален сопственик на златото.

Интересно е тоа што сите златни прачки имале сериски броеви, кои им овозможиле на истражителите да го утврдат нивното потекло. Според полициските извештаи, златото било стопено пред околу дваесет години од компанија со седиште во регионот Лион, а притоа било легално стекнато.

Поранешниот сопственик на земјиштето, под кое било најдено богатството, починал пред извесно време, а причината зошто златото било сокриено и кој го закопал таму останува целосна мистерија.

Полицијата потврди дека не е пријавена никаква кражба, ниту разбојништво, поврзано со овој случај. Така, францускиот сопственик на двориштето неочекувано стана богаташ – сосема законски.

Escape