Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ во подкастот „On Purpose“ сподели личен момент од семејниот живот со својот 10-годишен син, кој по ден исполнет со спорт и активности му рекол дека му е досадно.
Наместо да понуди нова забава или уред, Ѓоковиќ реагирал поинаку. Му објаснил дека е нормално понекогаш да се чувствува здодевност и дека не мора веднаш секој момент да се пополни со нешто ново.
Тој му сугерирал дека може едноставно да излезе надвор, да седне, да набљудува околина и да дозволи мислите сами да се смируваат. Според него, важно е децата да научат да бидат сами со себе, без постојана надворешна стимулација.
Ѓоковиќ нагласил дека во денешно време телефоните и дигиталните уреди често стануваат прв одговор на досадата, но дека празните моменти можат да имаат вредност во развојот на детската самостојност и креативност.
Темата отвори поширока дискусија за тоа како родителите треба да реагираат кога децата се жалат дека им е досадно, и дали токму тие моменти можат да помогнат во развој на фантазија и внатрешен мир.
Иако научните истражувања сè уште немаат конечен став, Ѓоковиќ ја пренесува идејата дека досадата не мора секогаш да се избегнува, туку понекогаш може да биде корисен дел од растењето.








