ПРВ.мк
Магазин

ПО ЧЕТВРТИОТ РАЗВОД МИСЛЕЛА ДЕКА СÈ ПРАВИ ПОГРЕШНО: Џенифер Лопез откри што ѝ кажала терапевтката

ПО ЧЕТВРТИОТ РАЗВОД МИСЛЕЛА ДЕКА СÈ ПРАВИ ПОГРЕШНО: Џенифер Лопез откри што ѝ кажала терапевтката

Светски познатата пејачка и актерка Џенифер Лопез искрено проговори за својот љубовен живот, четирите пропаднати бракови и тешкиот период по разводот со актерот Бен Афлек.

Во гостување во радиоемисија на SiriusXM, Лопез признала дека по последниот развод почнала сериозно да се преиспитува, уверена дека постојано ги повторува истите грешки во љубовта.

„Понекогаш имав чувство дека уништувам сè до што ќе допрам“, признала пејачката, откривајќи дека токму во тие моменти побарала помош од терапевтка.

Лопез зад себе има четири брака, со Охани Ноа, Крис Џад, Марк Ентони и Бен Афлек. Иако секоја врска ѝ донела убави моменти, но и разочарувања, последниот развод, како што вели, бил пресвртница во нејзиниот личен развој.

Советот што го добила од терапевтката ѝ помогнал поинаку да гледа на себе и на сопствените чувства.

„Таа ми рече: 'Сè уште си млада, само продолжи понатаму. Продолжи да се откриваш себеси и научи да го сакаш секој дел од себе, дури и оној безнадежно романтичниот'“, раскажала Џенифер.

Пејачката објаснила дека со текот на времето сфатила оти не треба да се обвинува себеси затоа што верува во љубовта и емоциите.

Напротив, токму таа романтична и чувствителна страна ја смета за важен дел од својата личност.

„Тоа е уметницата во мене, тоа е сонувачката во мене“, изјавила Лопез.

Таа додала дека истата страст што ја води во љубовта ѝ дава сила да настапува пред десетици илјади луѓе и постојано да создава нови проекти.

Денес Џенифер Лопез вели дека научила подобро да се разбира и да се прифаќа себеси, без да се откаже од вербата во љубовта.