ПРВ.мк
Магазин

ДАРКО ЛАЗИЌ ЈА ОТВОРИ ДУШАТА: Oткри зошто мораше да се разведе од Севиќ пред да настане вистински пекол!

ДАРКО ЛАЗИЌ ЈА ОТВОРИ ДУШАТА: Oткри зошто мораше да се разведе од Севиќ пред да настане вистински пекол!

Популарниот фолк-пејач Дарко Лазиќ во емотивно гостување кај Славица Ѓукиќ Дејановиќ за првпат детално прозборе за причините кои доведоа до крајот на неговиот брак со Ана Севиќ.

Иако за јавноста тие важеа за совршен пар, Лазиќ призна дека реалноста зад затворени врати била многу поразлична поради притисокот од естрадната машинерија и лошото влијание на околината. Според неговите зборови, иако меѓу нив немало големи кавги, тензијата почнала неиздржливо да расте кога трети лица почнале интензивно да им се мешаат во приватниот живот, што на крајот се покажало како пресудно за нивниот раздор.

Во својата најсурова исповед досега, пејачот не ги штедеше зборовите за сопствените грешки, признавајќи дека неговиот неодговорен начин на живот бил главен фактор за разводот. Лазиќ отворено потврди дека алкохолот и недозволените супстанции биле дел од неговото секојдневие во тој период, признавајќи дека славата и парите го понеле многу повеќе отколку што можел да контролира. За да го заштитат мирот на нивната ќерка Лорена и да избегнат трајно непријателство, тие двајца донеле зрела одлука да се разделат додека сè уште можеле да комуницираат како луѓе.

Дарко денес со жалење гледа на својата младост и неодговорност, свесен дека неговите пороци биле посилни од семејната среќа што некогаш ја имал со Ана.