ПРВ.мк
Магазин

(ФОТО) Децата уживаа во претставата „Шумарот Волшебник“ во рамки на Кавадаречко културно лето

(ФОТО) Децата уживаа во претставата „Шумарот Волшебник“ во рамки на Кавадаречко културно лето

Градскиот плоштад во Кавадарци вечерва беше исполнет со детска смеа, радост и позитивна енергија, каде во рамките на манифестацијата „Кавадаречко културно лето 2026“ успешно беше изведена детската театарска претстава „Шумарот Волшебник“.

Голем број деца, придружувани од своите родители и семејства, уживаа во магичната приказна која преку интересни ликови, многу хумор и авантури испрати силни пораки за значењето на природата, пријателството и грижата за животната средина. Претставата ја воодушеви публиката, а најмладите активно учествуваа и со голем ентузијазам ги следеа случувањата на сцената.

Веселата атмосфера и насмеаните лица уште еднаш потврдија дека културните содржини за деца имаат посебно место во програмата на Кавадаречко културно лето, создавајќи моменти што долго ќе се паметат.

Организаторите им се заблагодарија на сите посетители кои присуствуваа и со своето присуство придонесоа за прекрасната атмосфера на Градскиот плоштад. Тие најавуваат дека програмата на Кавадаречко културно лето 2026 продолжува и во наредните денови со нови културни, музички и забавни настани за сите генерации.