ПРВ.мк
Магазин

Tоплотен бран ја зафати Европа - Што ја очекува Македонија во следните 10 дена?

Tоплотен бран ја зафати Европа - Што ја очекува Македонија во следните 10 дена?

Според најновата анализа на метеорологот Славчо Попоски, во Македонија започнува период на стабилно и значително потопло време, со што практично започнува летната сезона.

По подолг период на нестабилни временски услови, проследени со врнежи, грмежи и пониски температури од просекот, времето конечно се стабилизира. Во изминатиот период дури имаше и појава на снег на планините, што е невообичаено за овој дел од годината.

Во меѓувреме, голем дел од Европа е зафатен од силен топлотен бран кој потекнува од Африка. Овој бран носи значително повисоки температури, кои на многу места надминуваат 30 степени, а локално достигнуваат и до 35 степени. Во Шпанија температурите дури се искачија до околу 39 степени, што е повеќе карактеристично за јули отколку за мај.

Според прогнозите, ваквиот топол бран ќе продолжи и во наредните денови, одржувајќи високи и натпросечни температури низ поголемиот дел од континентот.

И во Македонија се очекува стабилно, суво и топло време без поголеми промени. Во следните десет дена ќе преовладуваат летни температури, без значително освежување.

Ова значи дека граѓаните може да очекуваат вистинска летна атмосфера, со услови погодни за престој на отворено, како и почеток на сезоната за капење и одмор.