ПРВ.мк

Вистината за прогонувањето на Македонците во Бугарија е изнесена на виделина – денес, промоција во „Матица македонска“

Вистината за прогонувањето на Македонците во Бугарија е изнесена на виделина – денес, промоција во „Матица македонска“
Jumbo Banner

Вистината за прогонувањето на Македонците во Бугарија веќе не може да се крие – објавена е во книга со спомени и со документи од бугарските судови, служби за безбедност и други бугарски институции, во издание на „Матица македонска“. Фактите се изнесени на виделина со обемен материјал во книгата „Табу – време на страв и страдање“ од копретседателот на ОМО „Илинден“ – Пирин и борец за правата на Македонците во Бугарија, Стојко Стојков. Денес, Стојков ќе гостува на манифестацијата „Книга во секој дом“. Со почеток во 19 часот, книгата со сведоштва за прогонувањето на Македонците од Бугарија во периодот на комунизмот ќе биде промовирана во книжарницата на „Матица македонска“ на булеварот на книгите „Св. Климент Охридски“.

На промоцијата ќе бидат отворени прашања за податоци што досега не ѝ биле многу познати на македонската јавност – од периодот по Втората светска војна па сѐ до стапувањето на демократијата кога и натаму негирањата се на сила.  Вклучително и за периодот по пленумот на ЦК БКП, одржан на 11 и 12 март 1963 година. кога Тодор Живков прогласува дека „Населението од Пиринско е дел од бугарската нација“, поврзано и со тогаш новата политика на притисок и манипулации при пописите и со кампањата за промена на пасошите и за задолжителното запишување во нив на Македонците како „Бугари“ против нивната волја. Но и за сето она што следеше потоа со засилена пропагандна и асимилаторска кампања, раководена од највисоко ниво, со цел да се убеди населението, но и светот дека Македонците како нација, јазик и историја не постојат. Податоците објавени во книгата, меѓу другото овозможуваат јасен увид и како еволуирал државниот бугарски антимакедонизам во периодот на комунизмот.

Податоците објавени во книгата, меѓу другото овозможуваат јасен увид и како еволуирал државниот бугарски антимакедонизам. Во 1973 г., околу 25 % од капацитетот на Третиот оддел на Шестата управа на бугарската Државна безбедност бил насочен против Македонците. Во 1977 г., 23% од направените „профилактики“ и 32% од добиените сигнали во одделот биле за македонски национализам. Во 1977-1978 г.. 50 % од досиејата отворени од управата биле за македонски национализам. а не било затворено ниту едно постаро дело, додека според сигналите „промакедонскиот национализам“ опфаќа 33 %. Во почетокот на 1979 г., 33 % од отворените нови досиеја се за македонски национализам, при што 46,7 % од вкупниот број дела биле македонски. Во 1983 г.. 18 % од делата, 27%, од досиејата за оперативно набљудување, 32 % од водените на отчет случаи, 32% од водените на агентурно набљудување и 23% од профилактиките се поново по линија на „промакедонски национализам“. т.е. до времето кога започнува „преродбенскиот процес“ против муслиманите во Бугарија борбата со македонската самосвест се јавува често основната задача во борбата против малцинствата на Третиот одел на Шеста управата, а поретко зазема второ место.

– Ова е табу тема во Бугарија, врз која тежи клетвата на диктаторот Живков дека во Бугарија, македонско малцинство „нема и не може да има“. Причините се идеолошки и лични. Без да прават што и да било, со самото свое постоење, Македонците ги ставаат под сомнеж клучните национални митови во Бугарија. Други направија кариери против Македонците, стотици преку предавањето на својата македонска самоопределба. Да признаат дека Македонците постојат како нација за такви значи да признаат дека самите се предавници и дури монструми. Затоа. репресијата врз луѓето кои се идентификуваат како Македонци е табу тема. Табу, поставено да заштитува една лага и многу престапи. Официјална политика, којашто ги одбележа животите на повеќето Македонци, но никогаш за добро. Лагата продолжи и по доаѓањето на демократијата, дури и се разгранува, додека порасна до таму да ја уценува Македонија на нејзиниот европски пат и да бара промена на идентитетот на македонската нација, напоменува Стојков.

На промоцијата во „Матица македонска“, присутните покрај тоа што ќе можат да ја добијат книгата со посвета и самите ќе можат да поразговараат со Стојков, да отворат и нови прашања и да добијат информации што преходно не им биле достапни.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран