ПРВ.мк
Култура

Министерот Зоран Љутков потпиша Меморандум со Владата на Кралството Мароко: Нови перспективи за соработка во туризмот

Министерот Зоран Љутков потпиша Меморандум со Владата на Кралството Мароко: Нови перспективи за соработка во туризмот
Escape

Во духот на пријателството, меѓународната соработка и стремежот за унапредување на економските и културните односи, денес во просториите на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, министерот за туризам на Република Северна Македонија, г-дин Зоран Љутков, заедно со министерот за надворешни работи, африканска соработка и марокански иселеници на Кралството Мароко, Н.Е. Насер Бурита, свечено го потпишаа Меморандумот за разбирање во областа на туризмот.

Овој значаен документ претставува конкретен чекор кон унапредување на билатералните односи меѓу двете пријателски земји и отвора широк спектар на можности за соработка, особено во областа на туризмот. Со потпишувањето, двете страни се обврзаа на:

🔹 Зајакнување на туристичките текови меѓу Северна Македонија и Мароко

🔹 Размена на знаења, искуства и добри практики во туризмот

🔹 Поттикнување на инвестиции во туристичкиот сектор

🔹 Организирање заеднички обуки и програми за професионален развој, со можност за стекнување меѓународно признати сертификати во туризмот и угостителството

🔹 Взаемно учество на меѓународни туристички саеми и форуми

Меморандумот е склучен на период од пет години, со можност за продолжување, и претставува силен поттик за продлабочување на соработката, културна размена и економски напредок.

Министерот Љутков изрази искрено задоволство од постигнатиот договор, нагласувајќи дека партнерството со Кралството Мароко носи нови перспективи за македонскиот туризам, како и за продлабочување на врските меѓу народите на двете земји.

„Ова е повеќе од меморандум – ова е симбол на заедничката волја за споделување вредности, култури и можности“, истакна министерот Љутков.

Mia Home Mavrovo