Куќа во централното подрачје на Кочани утрово била зафатена од пожар, пренесува „Радио Кочани“. Според првичните информации, на местото на настанот веќе се присутни противпожарни екипи кои активно работат на локализирање на огнената стихија.
Во моментов сè уште не е позната причината за избувнувањето на пожарот. Се очекуваат повеќе детали и официјално известување од надлежните институции во текот на денот.