ПРВ.мк
Култура

Министерот Љутков од срцето на Бистра: Во Галичник дише душата на Македонија (ФОТО)

Министерот Љутков од срцето на Бистра: Во Галичник дише душата на Македонија (ФОТО)
Escape

Манифестацијата „Галичка свадба“ и годинава ја оживеа душата на македонската традиција во село Галичник, а присуството на министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, ја нагласи важноста на настанот за националниот идентитет и културното наследство.

„Ми претставува особено задоволство да ве поздравам од срцето на Бистра – Галичник. Денес, Галичник повторно живее низ звуците на зурлите и тапаните, низ богатството на нашите обичаи и традиции“, изјави министерот Љутков, упатувајќи силна порака за зачувување на нематеријалното културно богатство.

Тој нагласи дека Галичник претставува симбол на Македонија каква што сите ја посакуваме – достоинствена, длабока и раскошна во народниот израз. Министерството, како што додаде, континуирано вложува напори за заштита и промоција на овие вредности, „кои не се мерат со бројки, туку со припадност, љубов и идентитет“.

Оваа година, младиот пар Јован Филипоски и Лилјана Михајлоска се 88-миот пар што ја оживува вековната традиција преку обредната мијачка свадба. Министерот на младоженците им упати топли желби: „Да се сакаат долго, да бидат среќни и бериќетни.“

Галичката свадба продолжува да биде жива врска помеѓу минатото и иднината, обединувајќи ги луѓето преку љубовта кон татковината, обичаите и автентичниот народен дух.

Mia Home Mavrovo