На масовната техно манифестација „Rave The Planet“ во Берлин, атмосферата од еуфорија прерасна во вонредна состојба – 89 лица се повредени, од кои 69 завршија во болница, а неколку се во животна опасност, соопшти противпожарната служба.
Интервенирано е кај околу 400 учесници, најчесто поради прекумерна консумација на алкохол и дроги, јавуваат германските медиуми. Забавата, која се одвивала под дожд, довела до повеќе сериозни инциденти.
Надлежните предупредуваат на опасностите од неконтролирана забава, а јавноста е шокирана од бројот на повредени. Детали за најтешките случаи сè уште не се соопштени.