Тројца полициски службеници се повредени во сериозна сообраќајна несреќа што се случила на 12 јули 2025 година околу 15:00 часот, на кружниот тек каде се сечат булеварот „Партизански одреди“, улицата „Ѓорче Петров“ и „Ацо Шопов“ во Скопје.
Во несреќата учествувале две возила – „Опел“ управуван од 29-годишниот Б.Н. од Скопје и „Крајслер“ во сопственост на МВР, управуван од полицискиот службеник В.И. (35) од скопското село Бањане.
Во судирот, освен возачот В.И., повредени се и неговите сопатници – полициските службеници А.С. (28) и И.Б. (26), двајцата од Скопје. Повредените се пренесени во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, каде што им се констатирани телесни повреди.
На местото на настанот извршен е увид од страна на екипа на СВР Скопје, а надлежните служби работат на целосно расчистување на случајот.
Ask ChatGPT