Во саботата рано наутро, на кружниот тек кај улиците „15-ти Корпус“, „Железничка“, „7 Ноември“ и „Ристо Чадо“ во Охрид, 56-годишна велосипедистка од градот се здоби со сериозни повреди откако беше удрена од товарно патничко возило „Рено“ со охридски регистарски таблички.
Несреќата се случила на 12 јули 2025 година во 06:40 часот, а возач на комбото бил 53-годишен маж од село Лескоец. Жената била пренесена во Општата болница во Охрид, каде ѝ била укажана итна медицинска помош и констатирани тешки телесни повреди.
Полицијата изврши увид на местото на несреќата, а истрагата е во тек со цел целосно расчистување на причините и околностите кои довеле до овој сериозен судар.