ПРВ.мк
Свет

Тинејџер со македонски корени уапсен во Австрија за подготвување терористички напад

Тинејџер со македонски корени уапсен во Австрија за подготвување терористички напад
Escape

Во австрискиот регион Штаерска, поточно во градот Леобен, 18-годишен маж со македонско потекло беше уапсен поради сомневање дека планирал терористички напад, објавија австриските медиуми. Според досегашните информации, младиот човек пребарувал информации на интернет за изработка на експлозивни направи и подготвувал планови за напад на институции.

Полицијата истакна дека осомничениот е приврзаник на терористичката организација Исламска Држава (ИД) и дека неговите намери биле сериозни и загрижувачки.

Откако добиле оперативни информации, јавниот обвинител издал итна наредба за апсење, по што било откриено каде се наоѓа осомничениот. Полицијата го уапсила во неделата, веднаш по неговото враќање од Македонија, каде што патувал со семејството.

Иако тој негирал каква било намера за извршување на напади, истрагата продолжува, а полицијата посочи дека младиот Австриец со македонски корени бил веќе познат на органите на редот од претходно.

Mia Home Mavrovo