ПРВ.мк
Култура

Фестивалот „5-РЕ“ свечено отворен во Велес, театарот уште еднаш покажа сила и традиција

Фестивалот „5-РЕ“ свечено отворен во Велес, театарот уште еднаш покажа сила и традиција
Kristal

Со свечена атмосфера и голем интерес од публиката, во Велес беше отворено најновото издание на Фестивалот на комедија „5-РЕ“, кој и оваа година го потврди своето значење на културната мапа во земјава.

Уште пред почетокот на програмата беше јасно дека фестивалот привлекува големо внимание, што најдобро го покажаа редиците за билети и интересот кај љубителите на театарската уметност. Отворањето мина во знак на силна театарска енергија, а фестивалската програма започна со претставата „Тестостерон“, во режија на Синиша Ефтимов, во продукција на театарот „Ј.Х.К. Џинот“.

Во рамки на свеченото отворање беше врачена и актерската награда за животно дело „Петре Прличко“ за 2026 година, која му припадна на Атила Клинче, актер во пензија од Театар на народностите – Турска драма. Признанието беше доделено како потврда за неговиот долгогодишен ангажман, посветеност и значаен придонес во театарската уметност.

Со вакви настани, Велес уште еднаш покажува дека живее со културата, а театарот „Ј.Х.К. Џинот“ продолжува да ја негува традицијата и да ја оправдува довербата на публиката со квалитетна и внимателно избрана програма.

SWM
Mozzart
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo