ПРВ.мк

Украинците ликвидираа генерал на Путин: Пред само еден месец бил одликуван со орден “Херој на Русија”

Украинците ликвидираа генерал на Путин: Пред само еден месец бил одликуван со орден “Херој на Русија”
Jumbo Banner

Висок руски офицер, кој беше одликуван со орденот „Херој на Русија“, бил ликвидиран од страна на украинските сили во Курск, неколку недели откако Владимир Путин му го доделил највисокото признание на Русија.

Рускиот претседател му го доделил највисокото одликување на командантот.

Марат Тибилов, командант на специјалните сили на Руската гарда (Росгвардија), наводно бил убиен во текот на борбена мисија во Курск, пишува британскиот весник. Тибилов, еден од најпознатите руски воени лидери, го добил највисокото одликување минатиот месец.

Тој се борел за Русија од самиот почеток на војната во Украина. Наградата ја добил за одбиените украински напади во Курската област во периодот од 5. до 8. февруари оваа година. Тој тогаш им рекол на присутните: „Ова е заслуга на целата моја единица.“

„Нашата единица ги извршуваше задачите од 5. до 8. февруари со цел да го одбиеме контранападот на населените места Бердино, Розгребли, Новосотничко“, додал тој.

Неговиот елитен баталјон бил одговорен за спроведување на внатрешниот закон, борба против тероризмот и контрола на бунтовите и немирите.

Во Курск последниве неколку недели се водат жестоки борби, додека Русија се обидува да ги протера украинските сили од преостанатиот дел од територијата што Киев ја контролира.

Agria
Stenton
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран