Денеска со петте средби се затвори 25.коло во нашата елитна лига. Работнички на Арената во Скопје, со голот од пенал на Рушевиќ успеа да дојде до екстра значајна победа и три бода во битката за највисок пласман. Тешко беше за тимот на Горан Станиќ, но сепак победа си е победа.
Гостивар и дефинитивно е вио криза. Попладнево на Маџари, тимот на Мерт Нобре беше совладан од Воска со 0:2. Секако дека ова е нов шок за Гостивар, по ова шансите за излез во Европа се се помали и помали. Од друга страна ова се големи три бода за тимот од Охрид во борбата за опстанокот.
Шкендија со двата гола на Бесарт Ибраими успеа да слави со 2:1 против Брера, со овие два гола Бесарт си го подобри рекордот и има вкупно 215 голови во ПМФЛ во својата кариера.
Во Струга, во дуел на последните два шампиони, Струга ТЛ и Шкупи одиграа без голови и си поделија по бод, кој ништо не им значи.
Тиквеш повторно не е поразен во Кратово. Кавадарчани одиграа 1:1 со Силекс, имаа и водство со голот на Мишов, но сепак на крајот по тешкиот терен за игра, Силекс – Тиквеш 1:1.
Да потсетиме дека во саботата Вардар како гостин го победи Пелистер со 1:3.
РЕЗУЛТАТИ – 25.КОЛО
ГОСТИВАР – ВОСКА 0:2
(/Виноградац 30.,Осеи 82.)
РАБОТНИЧКИ – БЕСА 1:0
(Рушевиќ (п) 55,./)
ШКЕНДИЈА – БРЕРА 2:1
(Ибраими 9., 61../Ндзенгуе (п) 54.)
СИЛЕКС – ТИКВЕШ 1:1
(Додев 35./Мишов 31.)
СТРУГА ТЛ – ШКУПИ 0:0
САБОТА