Премиерот Христијан Мицкоски вели дека зголемувањето на примањата на пензионерите ќе ја намали разликата меѓу најбогатите и најсиромашните граѓани. Тој потенцираше дека Владата не ги прифатила предлозите на Светска банка и на Меѓународниот монетарен фонд кои побараа зголемување на старосната граница за пензионирање, зголемување на ДДВ и воведување променливи даночни стапки. Рамниот данок останува определба на оваа владина гарнитура.
Повисоки пензии од утре добиваат сите пензионери во земјава. На сметките на над 300.000 пензионери ќе легнат зголемени мартовски пензии за 2.500 денари.
Со зголемувањето на пензиите од 2.500 денари во минатата есен, пензионерите веќе имаат поголеми примања за 5.000 денари за само 8 месеци. За 2025 година, во Буџетот се предвидени 1,715 милијарди евра за исплата на пензиите.
Премиерот Христијан Мицкоски вели дека зголемувањето на примањата на пензионерите ќе ја намали разликата меѓу најбогатите и најсиромашните граѓани. Тој потенцираше дека Владата не ги прифатила предлозите на Светска банка и на Меѓународниот монетарен фонд кои побараа зголемување на старосната граница за пензионирање, зголемување на ДДВ и воведување променливи даночни стапки. Рамниот данок останува определба на оваа владина гарнитура.
Инаку и платите на здравствените работници за март ќе бидат поголеми за 15%, а до крајот мандатот планирано е тие да бидат покачени за 40-50%.