Германскиот град Вагенроге, кој се наоѓа на истоимениот остров во Северно Море, бара градоначалник преку оглас во весниците, пренесува неделникот „Шпигел“.
Три партии, Демохристијанската унија, Социјалдемократската партија и Зелената партија, заедно објавиле ваков оглас.
„Со нас можете да ја обликувате иднината преку оваа одговорна позиција“, се наведува во текстот на огласот објавен денеска во локалниот весник.
Во наредните денови, огласот ќе биде проследен и до други медиуми.
Во огласот се наведени критериумите за кандидатот за градоначалник на Вагенроге – подготвеност да се живее на островот, високо образование, посакувано искуство, како и старосна граница која ја утврдува уставот на покраината Долна Саксонија.
Трите германски партии што го објавиле огласот наведуваат дека во Вагенроге има недостиг од квалификувана работна сила, поради што е речиси невозможно да се најдат кандидати за административни функции.
„Шпигел“ наведува дека овој остров веќе имало позитивни искуства во наоѓањето функционери преку огласи, а на тој начин е најден и сегашниот градоначалник Марсел Фангор пред седум години, по неочекуваната смрт на неговиот претходник.
Заинтересираните кандидати имаат рок за пријави до 14 јуни, а изборите за градоначалник се закажани за 17 август.