ПРВ.мк

Уште една држава во Европа започнува со сериозна подготовка за војна со Русија? Се повлекуваат од важен договор, и забрзано работат на својата одбрана

Уште една држава во Европа започнува со сериозна подготовка за војна со Русија? Се повлекуваат од важен договор, и забрзано работат на својата одбрана
Jumbo Banner

Финска планира да се повлече од глобалната Конвенција за забрана на противпешадиски мини и да ги зголеми своите воени трошоци на најмалку три проценти од БДП до 2029 година, како одговор на растечката воена закана од Русија, објави финската влада, пренесува Ројтерс.

Полска и балтичките земји – Естонија, Летонија и Литванија – веќе соопштија дека се повлекуваат од Конвенцијата од Отава од 1997 година, поради заканата што Русија ја претставува за нив и за Европа.

Со повлекувањето од договорот, Финска, која има најдолга граница со Русија од сите членки на НАТО, би можела повторно да почне со складирање противпешадиски мини, доколку биде потребно.

На прес-конференција, премиерот Петри Орпо истакна дека иако во моментов нема непосредна воена закана за Финска, Русија претставува долгорочна опасност за цела Европа.

ELS

„Повлекувањето од Конвенцијата од Отава ќе ни овозможи да се подготвиме подобро и поцелосно за промените во сегашната безбедносна средина“, рече Орпо.

Тој додаде дека Финска ќе инвестира дополнителни три милијарди евра за одбраната, што ќе ги зголеми воените трошоци од 2,41 отсто од БДП во 2024 година на три отсто до 2029 година.

„Ова е дел од нашиот придонес за Европа, која презема поголема одговорност за својата одбрана“, напиша финскиот претседател Александар Стуб на Х.

Финска се приклучи на НАТО во 2023 година, што претставува значајна политичка промена по децении неутралност.

Agria
Stenton
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран