ПРВ.мк

Најнови информации: Бројот на загинати по земјотресот во Мјанмар се искачи на 2.065 лица, повеќе од 3.900 се повредени

Најнови информации: Бројот на загинати по земјотресот во Мјанмар се искачи на 2.065 лица, повеќе од 3.900 се повредени
Jumbo Banner

Бројот на жртви од земјотресот во Мјанмар се искачи на 2.065 лица, додека повеќе од 3.900 лица се повредени, а над 270 се водат како исчезнати, јави Ројтерс, повикувајќи се на државниот телевизиски канал на земјата.

Земјотресот, кој го погоди Мјанмар во петокот, на 28 март, со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала, е еден од најсилните во последниот век.

Соседните земји, вклучувајќи ја Индија, Кина и Тајланд, испратија помошни материјали и тимови за спасување, а помош пристигна и од Малезија, Сингапур и Русија.

Соединетите Американски Држави понудија хуманитарна помош во вредност од 2 милиони долари „преку организации за хуманитарна помош со седиште во Мјанмар“, соопштија официјални претставници. Покрај тоа, тим за итни случаи од УСАИД, кој се соочува со значителни намалувања на фондовите под администрацијата на Трамп, беше распореден во Мјанмар.

Според прогнозите на Американската геолошка служба, бројот на загинати може да достигне 10.000 лица, а економските загуби од земјотресот би можеле да го надминат годишното економско производство на земјата.

Agria
Stenton
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран