ПРВ.мк
Економија

ДОБРИ ВЕСТИ ЗА ГРАЃАНИТЕ: Владата најавува законски промени за ограничување на брзите кредити и заштита на граѓаните

ДОБРИ ВЕСТИ ЗА ГРАЃАНИТЕ: Владата најавува законски промени за ограничување на брзите кредити и заштита на граѓаните

Премиерот Христијан Мицкоски објави дека по новиот закон за игри на среќа, Владата ќе се фокусира на решавање на проблемот со брзите кеш кредити. Тој нагласи дека не е случајно што голем број од овие компании се отвораат веднаш до казина, каде што најчесто завршуваат луѓе со финансиски потешкотии.

Според него, дел од граѓаните кои користат вакви услуги подоцна се соочуваат со сериозни долгови, а некои дури ја напуштаат државата. Најавеното законско решение, како што рече премиерот, има за цел да обезбеди „здрава нација“ и поголема заштита за граѓаните од финансиски ризици.

Escape