На 22.08.2025 година во 10:46 часот во СВР Штип, С.Т. (61) од Штип пријавил дека околу 10:00 часот, додека бил во еден продажен објект во Штип, бил физички нападнат од лице кое било вработено како обезбедување во објектот.
Според информациите од полицијата, се преземаат сите потребни мерки за целосно расчистување на случајот, а јавноста ќе биде дополнително известена за исходот од истрагата.