По локалните избори следува потрес во Владата и во ВМРО-ДПМНЕ – најави лидерот Христијан Мицкоски. Тој порача дека „ниту една функција не е вечна“ и дека на министерските фотелји ќе седнат нови лица со свежа енергија.
👉 За ДУИ, пак, вратата останува затворена. Мицкоски тврди дека „игрите од Зајас и Мала Речица нема да поминат“, а Македонија нема да се врати во времето кога „се грабаа милиони и се владееше со државата како со приватна фирма“.
ДУИ возврати со обвинување дека премиерот „шири клевети и опасни пораки кои можат да доведат до етнички тензии“. Партијата порача дека октомвриските избори ќе бидат „референдум против политиката на поделби и манипулации“.
⚡ Ситуацијата дополнително се вжешти откако ДУИ упати забелешки кон ДИК, која според нив работи „под диктат на Мицкоски“, намалувајќи го бројот на советници во општините – потег што го гледаат како удар врз принципите на Охридскиот договор.
➡️ Едно е сигурно: по 2 ноември, македонската политичка сцена нема да изгледа исто.
Видео: