ПРВ.мк
Балкан

Ексклузивно: Балканот под црвен метеоаларм – невреме со дождови, град и силни ветрови

Ексклузивно: Балканот под црвен метеоаларм – невреме со дождови, град и силни ветрови

Балканот е целосно зафатен од опасен бран нестабилно време и веќе е активиран црвен метеоаларм за најголемиот дел од регионот, предупредуваат метеоролозите. Невремето носи поројни дождови, силни грмежи, налети на ветер и локална појава на град, а делови од регионот веќе се соочија со сериозни последици.

Синоќа Истра беше погодена од вистинска стихија – во Умаг и околината за само неколку часа наврнаа 100 литри дожд на квадратен метар. Град со големина на орев предизвика сериозни штети врз домовите, автомобилите и посевите. Улиците беа поплавени, а локалните власти алармираат дека ова е само најава за уште поопасни денови кои следат.

Србија, според најавите на Републичкиот хидрометеоролошки завод, се подготвува за нов удар. Од западните и југозападните краеви, преку Шумадија и Поморавје, па сè до истокот на земјата, се очекуваат обилни врнежи, грмежи и силни налети на ветер, со ризик од локален град кој може да нанесе голема материјална штета.

Во Босна и Херцеговина веќе денес се очекуваат врнежи во западните и југозападните области, додека од петок речиси целата држава ќе биде под дождови и грмежи. Температурите ќе паднат за околу десет степени, што ќе донесе мало олеснување од горештините, но истовремено и зголемен ризик од поплави поради наглите врнежи.

Метеоролозите предупредуваат на можност за краткотрајни поплави, штети од град, но и сериозни прекини во сообраќајот. Специјални предупредувања за загрозените подрачја ќе бидат издавани во наредните денови.

Сепак, надеж за смирување постои – од недела се очекува стабилизирање на временските прилики. Температурите на Балканот ќе се движат меѓу 22 и 28 степени, додека на југот повторно ќе достигнат и до 31 °C.

Escape