ПРВ.мк
Економија

Сите пензионери ќе добијат еднакво покачување – Еве колку ќе изнесуваат!

Сите пензионери ќе добијат еднакво покачување – Еве колку ќе изнесуваат!
Escape

На денешната владина седница е усвоен предлогот за измени на Законот за пензиско и инвалидско осигурување, со што се отвора патот за ново, линеарно зголемување на пензиите за сите пензионери.

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека измените предвидуваат еднакво зголемување на пензиите за сите, без разлика на нивната висина – што, според него, било барање на самите пензионери. Очекувањата се зголемувањето да биде во износ од 1.000 денари, а законот наскоро да биде изгласан во Собранието.

Дополнително, Мицкоски најави дека ново покачување од истиот износ ќе следи и во март 2026 година, што ќе значи вкупно зголемување од 2.000 денари по пензионер во наредниот период.

Се очекува Собранието да го усвои законот пред распишувањето на локалните избори.

Mia Home Mavrovo